Бетонирани краци на „Деко Ковачев“ и „Серменинска“
Завршено е бетонирањето
на дел од уличните краци во општина Гевгелија. Бетонирани се два крака од улицата „Деко Ковачев“ и еден крак од улицата „Серменинска“. Овие три крака беа на листата од Оперативниот план на Општина Гевгелија за бетонирање помали улици и краци, со цел да се подобри патната инфраструктура.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, најави дека во следниот период оваа акција ќе продолжи и во Гевгелија и во населените места:
- Два крака од улицата „Деко Ковачев“ и еден крак од улицата „Серменинска“ денеска имаат нов изглед. Со бетонирањето на овие краци, жителите на „Деко Ковачев“ и „Сермениска“ добија уредена и соодветна патна инфраструктура. Продолжуваме со зафатите за подобрување на патната инфраструктура во Гевгелија и населените места. Градиме по план за поубава Гевгелија.