Геодетско снимање пред Богданци и изведбени работи на патот Богородица-Стојаково- регионален пат Гевгелија- Богданци
За потребите на изработка
на проектна документација за реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, започна геодетското снимање. Снимањето започна на 08.06.2020, а ќе трае до 20.06.2020 година, во времетраење од 7:00 до 17:00 часот. Геодетско снимање и геомеханички истражни работи се вршат на дел од регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци. Се замолуваат учесниците во сообраќајот да имаат разбирање за новонастатаната ситуација и да ја намалат брзината на возење на 50km/h, со што ќе придонесат кон поголема безбедност во сообраќајот.
Исто така, се апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат дадената брзина за возење бидејќи почнаа изведбените работи за ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково- крстосница со регионалниот пат Гевгелија- Богданци.