Донација со заштитна опрема од УНХЦР за Општина Гевгелија
Во Општина Гевгелија, од УНХЦР
пристигна донација од 30 пакетчиња со заштитна опрема против ширењето на Корона вирусот (Covid - 19). Пакетчињата се состојат од маски, ракавици, антибактериски влажни марамчиња и гелови за раце. Донацијата беше предадена од страна на Доне Манчев, Виш асистент за правна заштита во привремениот транзитен центар „Винојуг“.
Ваквата акција се спроведува во сите локални институции каде вработените се изложени на ризик од заболување со Корона вирус, со цел да се спречи неговото ширење. Заштитна опрема добија и Граничната полиција, Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, ПС и ОВР- Гевгелија. Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период и сите предвидени институции ќе бидат покриени со заштитна опрема повеќепати.
Исто така, во Гевгелија и околните населените места, на локации каде има поголема концентрација на луѓе, како: детските игралишта, плоштади, паркови, a и на влезовите во јавните институции, УНХЦР спроведе и во тек е акција за поставување информативен материјал со илустрации и натписи на повеќе јазици за доследна примена на заштитните мерки кои се значајни правила во борбата со Корона вирусот.
Покрај донацијата, на средбата стана збор за продолжување на соработката помеѓу Општина Гевгелија и УНХЦР во насока за спроведување активности поврзани со заштита на бегалците и засегнатите лица привремено сместени во привремениот Транзитен центар „Винојуг“.
Имено, минатата недела, Oпштина Гевгелија оствари онлајн-конференција на интернет-платформата Zoom со претставници на УНХЦР, на која се дискутираше за изнаоѓање подобар начин за комуникација и предлог-идеи за идна соработка.