Подобрено водоснабдување за дваесеттина домаќинства во Негорци
Дваесеттина домаќинства во Негорци
добија подобрено и нормализирано водоснабдување и притисок на вода кој ги задоволува нивните потреби. По пријавувањето на проблемот од страна на жителите, ЈПКД „Комуналец“ излезе на терен, изврши увид и изведе нова реконструкција на водоводна линија во долниот дел од населеното место.
- Водоснабдувањето на овој дел од Негорци, е значително подобрено. Во наредниот период редовно ќе вршиме проверка на регулаторите на притисокот со што проблемите и дефектите во водоводната мрежа ќе бидат навремено и брзо остранети, се со цел да им овозможиме на сите наши граѓани квалитетна вода за пиење, која ќе биде во доволни количества, истакна директорот на ЈПКД „Комуналец“, Златко Зумров.