Oбнова на патната инфраструктура за подобар пристап до земјоделските посеви
Заради подобар пристап
до земјоделските површини, во општина Гевгелија ќе биде обновена патната инфраструктутра. Имено, раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски го потпишаа Договор за реализација на проектот „Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини“, кој ќе се реализира во рамки на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година.
Проектот е со вкупна вредност од 1.575.580 денари, средства со кои ќе се обноват пристапни патишта до обработливите површини во четири општини од Југоисточниот плански регион, во општина Босилово, Богданци, Гевгелија и Ново Село и ќе се обезбеди пристап до вкупно 278 хектари плодно земјоделско земјиште.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниот период ќе добие и дополнителни средства со кои ќе се овозможи ревитализација на пристапни патишта до земјоделски површини и во други населени места со цел да се одговори на барањата и на другите општини во регионот, а кои се од големо значење за земјоделските производители во Југоисточниот плански регион.