Сиот медицински персонал во Општа болница негативен на Корона вирус
Нема позитивни лица на
Корона вирус од медицинскиот персонал во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, изјави директорот на ЈЗУ Општа болница во Гевгелија, Митко Крџев:
- По извршениот скриниг од Корона вирус на вработените во Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност, резултатите покажаа дека нема дијагностицирани позитивни носители на Корона вирус, информирајќи ги членовите на Советот на Општина Гевгелија на денешната седница, по шпекулациите во јавноста дека поголемиот дел од медицинскиот персонал во Гевгелија е заразен од Корона вирус.
Скринингот на целокупниот персонал бил прифатен со конзенсус од 3 причини: поради тоа што здравствените работници се експонирани на ризик со остварување контакти коишто можат да бидат заразени, навремено да се откријат асимптоматските носители на Корона вирусот и навремена изолација на лицата доколку покажале позитивен тест. На сите вработени, првично, им било направено серолошки тест со кој се бараат антитела. Резултатите од тестот покажале дека антитетелата кај повеќето лица се движат во нормалата на границите на референтните вредности, а кај само мал број отстапуваат од нормалната граница. Веднаш се направени PSR-тестови, а по добивањето на резултатите е констатирано дека ниту еден од медицинскиот персонал којшто имал малку покачен број на антитела, е позитивен на Корона вирус.