Зголемено субвенционирањето на комуналните услуги од 500 на 650 денари
На 46 седница
на Советот на Општина Гевгелија се донесе Одлуката за субвенционирање на потрошувачката на основните комунални услуги со која висината на паричниот надоместок од 500 денари се зголемува на 650 денари.
Одлуката се однесува на домаќинствата кои се корисници на право на гарантирана минимална помош и корисници на социјална пензија (во понатамошниот текст – корисник) на подрачјето на општина Гевгелија.
Корисникот го остварува надоместокот по основ на субвенција на дел од месечна сметка за основните комунални услуги, издадена од страна на давателот на услугите ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија доколку:
- остварува право на гарантирана минимална помош и корисници на социјална пензија согласно Законот за социјална заштита,
- редовно врши плаќање на месечната сметка за основните комунални услуги.
Надоместокот за субвенција на основните комунални услуги ќе се исплаќа на месечна основа. Висината на месечниот надоместок за субвенција изнесува 650 денари. Доколку износот на месечната сметка е помал од 650 денари, се исплаќа целиот износ на месечната сметка.
Надоместокот за субвенција ќе се исплаќа доколку адресата на месечната сметка за основните комунални услуги соодветствува со адресата на живеалиште на корисникот.
Одлуката ќе ја спроведат ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и Секторот за финансии при Општина Гевгелија. Корисниците може да поднесат барање за остварување на надоместокот за субвенцијата на основните комунални услуги од денот на примената на одлуката.
Барањето се поднесува до ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Кон барањето се поднесува следната документација:
- потврда дека е корисник на гарантирана минимална помош и на социјална пензија;
- платена месечна сметка за основните комунални услуги.
Субвенционирањето на основните комунални услуги престанува во следните случаи:
- со престанување на користење на гарантирана минимална помош и на социјална пензија;
- доколку субвенцијата е остварена врз основа на невистинити или неточни податоци, односно со злоупотреба на истата.
Исплатата може да се извршува кумулативно, односно за повеќе платени сметки за основните комунални услуги. За субвенционирање на основните комунални услуги, средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Гевгелија.