Јавен повик до организаторите на предизборна кампања
Општина Гевгелија упатува
јавен повик до сите заинтересирани учесници во изборниот процес и организатори на кампањата што се заинтересирани да користат определен јавен простор за истакнување на изборни плакати да се пријават во Општина Гевгелија, најдоцна до 30 јуни 2020 година, до 10 часот.
Имено, согласно Одлуката за утврдување на места за истакнување на изборни плакати, донесена од страна на Советот на Општина Гевгелија, на организаторите на изборната кампања им се овозможува да истакнуваат изборни плакати без надоместок на бетонската ограда на Градскиот стадион, на источната страна од старото Градско пазариште, бетонските столбови на надвозникот на влезот во Гевгелија.
Распоредот на изборните плакати на утврдените места го одредува комисија од делегирани претставнци на организаторите на изборната кампања по пат на ждребка. Ждребувањето ќе се изврши во просториите на Општина Гевгелија, на 30 јуни, 2020 година, во 12 часот.
Сите заинтересирани страни учеството во ждребувањето да го најават на телефон 072/227-158 и на e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а на ждребувањето преставникот задолжително да поседува овластување од организаторот на кампањата и документ за идентификација.