Голем број од барањата за утврдување правен статус на бесправно-изградените објекти позитивно решени
На последната седница
на Советот на Општина Гевгелија, се разгледуваше и се расправаше за состојбата со постапувањето на барањата за утврдување правен статус на бесправно-изградените објекти во општина Гевгегелија. Во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина за период кој е зададен согласно Закон за постапување со бесправно изградени објекти, вкупно биле поднесени 6.012 барања.
Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко-планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување на правен статус на бесправен објект објавени во службен весник на Република Северна Македонија, од страна на ОУАГЗЖШ се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања.
Во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина во периодот од 1.03.2011 год. до 31.05.2020 год. од вкупно поднесените барања 6.012 се решиле 5.354 барања.
Голем број од предметите биле позитивно решени, но има барања кои се негативно решени од причини за кои бесправните изградени објекти се изградени спротивно од дадената законска регулатива, т.е.спротивно од Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко планската документација.
Останатите нерешени предмети, т.е. предмети кои останале да се решат до 1.03.2021 год., се вкупно 658 барања.