Општинскиот кризен штаб апелира за почитување на мерките и протоколите за работа
Општинскиот штаб
за заштита и спасување- Гевгелија оценува дека последните одлуки на Владата на РСМ за отворање на граничните премини и деблокирањето на граничниот промет, повторното отворање и работа на економските оператори во угостителството и игрите на среќа, согласно донесените Протоколи за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и за игри на среќа, ќе придонесат за ублажување на последиците од Корона вирусот во општината.
Општина Гевгелија за време на вонредната состојба се обрати до Владата на РСМ за разгледување на можноста за деблокирање на граничниот промет и прекуграничната соработка, имајќи го предвид нивното значењето за локалниот економски развој во Општина Гевгелија. Се разбира, водејќи сметка за здравјето на граѓаните.
За таа цел, Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира:
- Сите граѓани задолжително да се придржуваат на основните заштини мерки од Корона вирусот – лична хигиена, задолжително носење заштитни маски и држење социјална дистанца, согласно донесените упатства на МЗ и СЗО;
- Сите економски оператори задолжително да се придржуваат и да ги применуваат Протоколите за отворање и работа од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на РСМ;
Поради зголемената сообраќајна фреквенција и транзит низ територијата на општината, продолжуваат акциите за дезинфекција на улиците и јавните површини:
- ЈПКД„Комуналец“ во соработка со Центарот за здравје- ПЕ Гевгелија да продолжи со дезинфекција на улиците и јавните површини во градот и во населените места.
Граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за превентивна заштита, односно да не организираат семејни забави и настани со групирања бидејќи претставуваат сериозна закана од ширење на Корона вирусот.