Се уредуваат два крака во Богородица, заврши асфалтирањето на „7 Ноември“
Во тек е и уредувањето
на два крака во населеното место Богородица. На едниот крак од улицата „Маршал Тито“ во Богородица започнаа изведбените работи за бетонирање, а на другиот крак што води кон подрачната Општинска зграда, започна поплочувањето со бекатон.
Заврши асфалтирањето на улицата „7 Ноември“, на потегот од Амамот до Основниот суд. Изведбените работи започнаа пред два дена со гребење на улицата. Стариот оштетен асфалт на улицата е заменет со нов. Радовишката фирма „Ве груп“ го санираше и приодот на паркинг-просторот пред Стопанска банка, како и сите други оштетувања, а исто така се направијa и пристапни приоди до околните објекти и институции во центарот на градот за лицата со инвалидитет.