Oд понеделник Градската библиотека „Гоце Делчев“ започнува со работа
Од понеделник, 6 јули, 2020 година,
Градската библиотека „Гоце Делчев“ започнува да работи со корисниците на библиотекарски услуги. По донесениот Протокол за работа на библиотеките од страна на Владата на РСМ, Библиотеката ќе продолжи со работа со почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на Корона вирусот.
Корисниците треба да ги почитуваат донесениот Протокол и тоа:
- При влегувањето во институцијата задолжително да носат заштитна опрема на лицето (маска, марама или шал. Без заштитна опрема, корисникот не може да влезе во библиотеката;
- Корисниците да ги дезинфицираат рацете пред влегување во Библиотеката, а институцијата е должна да набави дезинфекциони средства;
- Да се почитува дозволеното растојание за одржување физичка дистанца од 2 метра;
- Во просторијата да влегува само по еден корисник.
Сите известувања Библиотеката е должна да ги истакне на влезот, на официјалната веб-страна или на Фејсбук-профилот. Библиотеката ќе работи во една смена, од понеделник до петок, од 07:00 до 15:00 часот. Работењето за услуга на корисници ќе се одвива само со позајмување и враќање книги, што значи дека читалните нема да работат се додека нема промени во упатствата за работа. Вратените книги ќе се одвојуваат настрана и 72 часа нема да бидат достапни за издавање. Забрането е корисниците слободно да пребаруваат по фондот на Библиотеката. Пропишаниот рок за враќање во периодот кога Библиотеката не работеше со корисници нема да се евидентира.
Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги прилагодува и реализира постојните мерки за заштита