202 првачиња запишани во новата учебна 2020/2021
Заврши уписот за првачиња
за новата учебна 2020/2021 година во основните училишта во Гевгелија и населените места. Оваа година, во прво одделение се запишаа 202 дечиња, од кои: 93 во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, 77 во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, 18 во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци и 14 во ООУ „Климент Охридски“- Миравци.
Уписот беше задолжителен за децата кои до крајот на декември, 2020 година, ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжително за сите деца родени во текот на 2014 година и за оние кои сакаат за деца родени во текот на јануари, 2015 година.
Уписот започна на 1 и траеше до 30 јуни, 2020 година, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата и почитување на мерките и Протоколите за уписи на првачиња за спречување на ширењето на Корона вирусот.
Поради актуелната ситуација со вирусот, се уште не се знае дали првачињата ќе бидат почестени со традиционалната манифестација која ја организираат училиштата по повод првиот училиштен ден и дали воопшто ќе се почне со традиционална настава во училишните простории или и понатаму ќе се спроведува онлајн од дома.