Излезе од печат јулскиот „Гевгелиски магазин 90“
Излезе од печат јулскиот
број на „Гевгелиски магазин 90“ кој содржи многубројни информации за настаните и активностите во општина Гевгелија. Главната тема на Магазинот е животот во време на пандемијата предизвиката од Корона вирусот којај го зафати целиот свет. Во овој број, се опфатени сите актуелни настани и случувања во општината, почнувајќи од појавата на вирусот во нашата земја и преземените активности на Општина Гевгелија против ширењето на Корона вирусот како: седници на ОКШ, хуманитарни акции за социјално-ранливите категории, дезинфекција на улици и јавни површини и сл.
Во јулското издание на „Гевгелиски магазин 90“ има богата хроника околу тековните активности, особено во периодот мај-јуни како: уредување на улици и патишта во Гевгелија и населените места, од кои позначајни се реконструкцијата на „Индустриска“ во Гевгелија и втората фаза од ревитализацијата на патниот правец „Стојаково-Богородица“, значајните проекти кои беа стопирани поради Корона вирусот: Конска брана и ревитализацијата на Старата депонија, секако, застапени се и младите со образованието и културните манифестации за време на пандемијата.