Во уличното осветлување- заштеда на струја и до 70%
Во Општина Гевгелија се врши
и континуирана замена на дотраените светилки со нови штедливи светилки. На булеварот „Гевгелија“, од влезот во градот до кружниот тек, извршена е замена на постојните светилки со нови 94 лед арматури од 100w и 150w. Исто така, замена е извршена и на прегорените арматури на булеварот, од кружниот тек до зградите во населбата „Караорман“. Старите натриумови арматурти од 250 w се заменети со лед арматури. Со ваквата замена е обезбедено поквалитетно осветлување, заштеда на електрична енергија до 70%, како и намалување на трошоците за нивно сервисирање.
Инаку, во периодот јануари-мај, 2020 година, се извршени 868 интервенции на уличното осветлување во општина Гевгелија. Сите дефекти се отстранети веднаш, а паралелно се врши и замена на старите со штедливи светилки. Интервенциите ги врши ДТПУ „ЕЛПРОМ ИНЖИНЕРИНГ“ ДООЕЛ Гевгелија која по спроведената тендерска постапка даде најповолна понуда.
Покрај редовното одржување на мрежата на уличното осветлување, во Општина Гевгелија се врши и проширување на мрежата на улици кои досега немаа инсталирано улично осветлување. Проширувањето на мрежата се врши согласно Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија во 2020 година. Имено, според планираните активности, се инсталираат нови линии за улично осветлување на предвидените локации или улици кои се уште не се дел од мрежата на уличното осветлување.