Во Гевгелија нема заболени од КОВИД-19
По пристигнатите резултати
во Центарот за јавно здравје, ПЕ- Гевгелија, и вториот негативен тест на еден од пациентите кој беше во изолација од општина Гевгелија е негативен. Гевгелија повторно се наоѓа на листата со без заболени од Корона вирус, информираше раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, доктор-епидемиолог Сашко Олумчев.
Инаку, Македонија ја надмина бројката од 8.000 заразени од Корона вирусот, и со новите 136 случаи, вкупниот број на дијагностицирани позитивни на Ковид-19 се искачи на 8111. Општини каде има најголем број на активни случаи на Ковид-19 се Скопје со 1830, Тетово со 320, Куманово со 186, Штип со 172, Струга со 161, Гостивар со 143 и Охрид со 133.
Министерството за здравство информираше дека се регистрирани 123 нови оздравени лица со што вкупниот број на оздравени изнесува 4203, додека со бројката од 6 починати, во Македонија од почетокот на пандемијата починале 382 лица.
Ковид-19 случаи се регистрирани во 32 градови, Гевгелија е во општините со мала инциденца, односно бројот на заболени во однос на 100.000 жители е 34,9, а проценката на СЗО вели дека ризикот од ширење на заразата е висок во нашата држава. Скопје и Тетово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), Штип, Ресен, Куманово и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија), додека Гевгелија и останатиот дел од Република Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
• Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата);
• Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата);
• Штип, Ресен, Куманово и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија);
• Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).