Заврши реконструкцијата на Мостот на Конска Река кај Моин
Заврши реконструкцијата
на Мостот на Конска река, на влезот во Моин, со што се разрешени повеќегодишните проблеми на граѓаните на ова населено место. Имено, со години по ред овој Mост, поради дотраеноста и несоодветната и инцидентна санација, претставуваше закана за населеното место. На неколкупати се случуваа излевања на Конска Река и прекин на сообраќајните комуникации со селото Моин поради што и граѓаните континуирано го посочуваа и бараа решавање на овој проблем.
Токму и затоа, реконструкцијата на Мостот доби приоритет во Програмата за локални патишта во минатата и оваа година. Реконструкцијата на мостот чинеше 2.110.076 денари, а изведувач на работите за целосна реконструкција на Мостот беше компанијата „Еуроинг“, која на објавениот јавен повик даде најповолна понуда.