Видливи резултати од уредувањето на паркот кај Општинската зграда во Богородица
Паркот што се наоѓа
веднаш до подрачната Општинска зграда во Богородица, полека го добива новиот изглед. Поставени се клупи за седење, корпи за отпадоци и нови играчки за деца со кои се доуреди урбаната опрема за деца.
По бетонирањето на кракот што води до Општинската зграда во Богородица, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, на почетокот на јули, започна со акција за уредување на просторот околу зградатата, каде што се наоѓа и самото детско игралиште. Откако се порамни земјиштето, се посадија нов тревник и цвеќиња. Останува уште инсталирањето на новото осветлување, со што овој парк ќе биде комплетно уреден.
По осветлувањето на овој парк, ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжи со работа на паркот што се наоѓа на самиот центар во населеното место во близина на самата црква. Веќе се поставени нови реквизити за деца- клацкалка и лулашка, а во наредниот период ова детско катче ќе се збогати со уште реквизити. Ќе бидат поставени нови клупи за седење, канти за отпадоци, фоната со вода за пиење, а просторот околу ќе биде ограден со поцинкувана мрежа.