Поради технички причини, одложено второто прскање против комарци
Второто прскање
против возрасни комарци во општина Гевгелија кое требаше да се изврши вчера (27 јули, 2020 година) е одложено за наредните денови во текот на оваа недела. Прскањето се одложи поради технички причини.
За терминот кога ќе биде извршено прскањето против комарци, граѓаните ќе бидат дополнително известени, со цел сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Годинава, заштитата од комарци во општината се врши во рамките на заедничката акција на Југоисточниот плански регион која се спроведува на територијата на десетте општини, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.