Поднесени 114 кривични пријави за заштита на здравјето на луѓето
Од почетокот на
пандемијата со Корона вирусот, во март годинава, па се до крајот на јуни, од страна на ОВР- Гевгелија биле поднесени 114 кривични пријави за заштита на здравјето на луѓето. Кривичните пријави биле поднесени против 118 физички лица за кршење на полицискиот час, како и за непридржување на заштитните мерки од Корона вирусот, согласно член 206.
Од ПС- Гевгелија информираат дека покрај кривичните пријави кои се доставени до Основното јавно обвинителство, биле доставени и 8 известувања за заштита на здравјето на луѓето. Додека од страна на ОВР- Гевгелија во текот на изминатиот период, а согласно донесените уредби и протоколи биле извршени 30 самостојни контроли на угостителските објекти, а 6 контроли биле организирани заедно со Државната пазарна инспекција.