Продолжува дезинфекцијата на улиците и јавните површини во општина Гевгелија
Продолжува дезинфекцијата
на улиците и јавните површини во Гевгелија и населените места. Вчера, службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија започнаа со спроведувањето на акцијата за дезинфекција на улиците во Гевгелија и неколку населени места, а на останатите ќе продолжи во текот на наредните денови.
На последната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување која се одржа на 23 јули, членовите на Штабот одлучија да продолжи дезинфекцијата на улици и јавни површини како една од општинските мерки за заштита од Корона вирусот и спречување на неговото ширење. На состанокот, со кој раководеше градоначалникот на општина Гевгелија и командантот, Сашо Поцков, беше одлучено JПКД „Комуналец“ да ја спроведува дезинфекцијата на улиците двапати месечно, според Оперативниот план, во соработка со Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.