Нов случај на заболен од Корона вирус во Гевгелија
Во Гевгелија, денеска
е евидентиран нов случај на заболен од Корона вирус. По објавените резултати на страната на министерот за здравство, Венко Филипче, од вкупно 166 новозаболени во земјата, 1 случај е од Гевгелија.
Досега, со новиот евидентиран случај во општина Гевгелија има вкупно 3 активни случаи на заболени од Корона вирус. Заболениот е близок роднина на позитивниот случај кој беше евидентиран минатата недела, на 26 јули, истакна раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, епидемиологот д-р Сашко Олумчев.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, апелира до граѓаните за доследно почитување на мерките за претпазливост, односно носење заштитна опрема, редовна хигиена и дезинфекција на рацете.