Бројот на сообраќајни несреќи во првата половина на 2020 намален поради вонредната состојба
Советот на Општина Гевгелија
на својата 47 седница оцени дека безбедносната состојба во сообраќајот на патиштата која ја покрива подрачјето на ПС од општа надлежност- Гевгелија, oд аспект на јавниот ред и мир во првата половина на 2020 е мирна и стабилна.
Според доставениот Извештај од страна на ПС- Гевгелија, на станичното подрачје не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем или нарушувања кои можат да ја вознемират јавноста и да предизвикаат загриженост по личната безбедност на граѓаните и нивниот имот. Како што е нагласено во Извештајот, како една од причините за ваквата констатација е прогласената вонредна состојба поради Корона вирусот, со што драстично се намали бројката на сообраќајни несреќи кои минатата година, во периодот после 15 мај, во текот на летната сезона транзитираа лица и возила преку РСМ и беа причина за случените сообраќајни несреќи.
Официјалната статистика за периодот од 1 јануари до 31 јуни, 2020 година, покажува дека на територија на општина Гевгелија, Богданци и Дојран се случиле 42 сообраќајни незгоди, во кои 3 лица загинале, 4 биле со тешки телесни повреди, 13 со телесни повреди и 23 кои предизвикале материјална штета. На отворен пат се случиле 25, а во населените места 17 сообраќајни несреќи.
На планот на откривање, попречување и санкционирање на сообраќајните прекшоци, особено оние од потежок вид, за кои е оценето дека влијаат врз безбедноста на сообраќајот, организирани се повеќе акциски контроли на локално и републичко ниво, но и преземање на засилени мерки по задолжување со телеграма, а опфатени за контрола и санкционирање на прекршоците кои се најчеста причина за случување на сообраќајните незгоди.