Mладински акции за подобрување на животот во локалната заедница
15 ученика од двете основни училишта
во Гевгелија: ООУ „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“ и СОУ „Јосиф Јосифовски“ учествуваат со идеи и предлог-решенија за подобрување на животот во локалната задница. На Четвртата онлајн-младинска работилница за осмислување на младинска акција овие ученици дискутираа за три приоритета за кои ќе работат со нивните врсници: формирање Младински форум, помош на децата со посебни потреби и уредување на Градскиот парк. Од предложените три идеи, учениците треба да одберат еден за реализација, за кој ќе добијат финансиски средства од Програмата на УСАИД за подобруање на меѓуетничката интеграција, како дел од Прокетот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието во соработка со Македонски центар за граѓанско образование.
Целта на овој проект е да помогне во овозможувањето позитивни интеракции меѓу младите од различна етничка припадност на ниво на училиште и на заедница, истовремено подобрувајќи ги вештините за граѓанско образование, однесувања и волонтерски практики на младите.