Поделени 60 пакета со прехранбени продукти
Oткако беше предадена
донацијата од 60 пакета со прехранбени продукти и средства за лична хигиена на Општина Гевгелија од трговското претпријатие „КАМ ДОО“, во неколку денови, членовите на Здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“ извршија распределба на исто толку социјално-ранливи категории семејства во општина Гевгелија. Распределбата се вршеше според доставениот список од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија, односно на лица- корисници на минимална гарантирана помош, корисници на Народната кујна и корисници кои го искористиле правото на еднократна парична помош.
Ваквата самоиницијативна, хуманитарна донација од ТП „КАМ ДОО“ во форма на материјални добра се спроведе ширум општините кои се погодени од кризата што настана од Корона-пандемијата.