Извршено последното прскање против комарци
Mинатата недела,
во вечерните часови, беше извршено и последното трето прскање против возрасни комарци во општина Гевгелија, во рамките на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот.
За таа цел, од страна на Советот на ЈИПР беше распишан јавен повик и избран изведувач на работите, односно заштитата од комарци. Во општина Гевгелија најпрво беа извршени две ларвицидни прскања против комарци, на површина од 20 хектaри. Во јуни беше извршено првото прскање против возрасни комарци, а на почетокот од август и второто прскање и тоа на површина од 1000 хектари. За првпат, оваа година прскањето против комарци беше спроведено по земјен пат.