Oпштина Гевгелија со јавен повик за Општинско-корисна работа
Oпштина Гевгелија го објави
Јавниот повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа, 2020 година.
И оваа година, Општина Гевгелија ќе биде дел од оваа Програма со проектот насловен „Можности за сите“ кој опфаќа ангажман на еден образовен асистент за деца со попреченост асистент (педагог, психолог, дефектолог, дипломиран наставник и социјален работник исклучиво со деца) во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија) и три негуватели на стари лица, а ќе бидат финансиски поддржани 80% од УНДП И 20% од страна на Општина Гевгелија.
Право на учество во имаат сите евидентирани невработени лица, а предност ќе имаат оние кои за првпат се јавуваат за учество во Програмата. Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријави за учество во Агенцијата за вработување- Центар за вработување- Гевгелија до 27 август, од 09:00 до 14:00 часот.
Во периодот додека лицата ќе бидат работно ангажирани, истите нема да го загубат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување - Центар за вработување- Гевгелија со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Ангажманот на избраните лица ќе започне од 1 септември, 2020 година.