Низа активности за подобрување на условите во основните училишта
Во основните училишта
во општина Гевгелија се работи на подобрувањето на условите пред почетокот на новата учебна година.
Во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, во тек е реновирање на училишните тоалети. Акцијата опфаќа целосна замена на санитарните јазли и опременост со хигиенски средства, со цел да се зголемат стандардите за хигиена.
Во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, во тек е пренамената на две нефункционални простории, од кои: едната ќе биде наменета за стручна служба, а другата- училница во која ќе се изведува настава. Старата училница се приспособува за дете со посебни потреби- ученик во училиштето, а ќе биде поставена пристапна рампа за непречено движење, со што ќе се создадат услови за олеснето следење на редовниот воспитно-образовен процес. Следи и реконструкција на стариот кров и замена на старите азбесни табли.
Во Подрачното училиште „Крсте Мисирков“- Моин, во тек е реконструкцијата на кровот, обнова на фасадата и поставување изолација.
Привршуваат и активностите за партерното уредување на училиштниот двор во ООУ „Владо Кантарџиев“.
Инвестирањето во подобрувањето на условите се реализира од сопствените буџети на училиштата.