Заокружен циклусот на третирање против комарци во Гевгелија
Заврши циклусот на
овогодинешното третирање против комарци во општина Гевгелија. На територијата на општината, беа извршени две прскања против ларвициди. Екипи на компанијата „Лиса ком“ која беше избрана на тендерот што го организираше Центарот за развој на ЈИПР, заедно со претставници на општина Гевгелија и Центарот за здравје- ПЕ Гевгелија, кои ги одредија претходно локациите за третирање, ги расфрлија гранулатите на жариштата. Третирањата беа извршени во втората половина на мај и почетокот на јуни на 20 хектари на територијата на општина Гевгелија, согласно локациите и Елаборатот изработен од страна на Центарот за здравје на ПЕ- Гевгелија.
Веднаш потоа, беа реализирани три теренски прскања против возрасни комарци од страна на истата компанија која го изврши и ларвицидното прскање. Оваа година, дезинсекцијата во општина Гевгелија се спроведуваше во рамките на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини во регионот. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат.