Дезинфекција на улиците и јавните површини во општина Гевгелија
Во Општина Гевгелија, во тек
е акцијата за дезинфицирање на улиците и јавните површини. Согласно препораките на Општинскиот штаб за заштита и спасување, службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ја спроведуваат акцијата овојпат во соработка со ТППЕ- Гевгелија. „Комуналец“ врши дезинфекција на улиците, а ТТПЕ- Гевгелија на јавните површини во градот. Акцијата продолжува утре во населените места.
Општина Гевгелија продолжува со почитувањето и реализацијата на мерките на Општинскиот штаб за дезинфекција на улиците и јавните површини за заштита од Корона вирус и спречување на неговото ширење. Заради обезбедување на поголема заштита на јавното здравје, Општина Гевгелија им препорачува на граѓаните доследно да ги применуваат заштитните мерки на Владата на РСМ (носење маска, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца).