Родителите нема да плаќаат партиципација во градинките за месеците: јуни, јули и август
Советот на Општина Гевгелија на последната
седница ја усвои одлуката на УО на ЈОУДГ „Детска радост" за ослободување на родителите од плаќање партиципација за месеците јуни, јули и август 2020 година. Поточно, Советот ја продолжи важноста на својата претходна одлука, со која за времетраење на мерките и препораките за заштита од COVID-19 родителите се ослободуваат од плаќање на месечна партиципација за престој на децата во градинките, во износ од 1.490 денари месечно.
Станува збор за околу 800 родители, чии деца беа запишани и беа згрижени во градинката во месец март. Со првичната одлука овие родители не платија никаква партиципација за април и мај. Додека пак за месец март кога децата во градинките престојуваа само десеттина дена, родители платија само 521 денар, колку што изнесуваа материјалните трошоци. Со денешната одлука родителите се ослободени од плаќање на партиципација за престој на децата во градинките и за месеците: јуни, јули и август.