Утврдени цените за услугите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во наредните три години
Советот на Општина Гевгелија
на последната седница даде согласност за трите одлуки на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ за: утврдување на цената за снабдување со вода за пиење за 2021-2023, утврдување на цена за собирање и одведување урбани води за 2021-2023, утврдување на цена за прочистување на отпадни води за 2021-2023 година.
Цените за снабдување со вода за пиење во 2021 година за физички лица ќе изнесува 18,36 денари на метар кубен, а за правни лица 34,14 денари. Во 2022: за физички лица 18,58 денари, а за правни 33,62 денари. Во 2023: за физички 19,10 денари, а за правни 33,60 денари.
Цените за собирање и одведување урбани отпадни води во 2021 година за физички лица ќе изнесува 4,82 денари на метар кубен, а за правни лица 9,06 ден. Во 2022: за физички лица 5,28 денари, а за правни 9,67 ден. Во 2023: за физички лица 5,95 денари, а за правни 10,60 денари.
Цената на услугата за прочистување отпадни води за периодот 2021-2023 ќе биде иста, односно ќе изнесува: за физички лица 8,50 денари на метар кубен, а за правни 19, 12 денари.
Исто така, Советот на Општината го усвои Ценовникот за услуги на ЈПКД „Комуналец“, во кој се утврдени надоместоците за приклучок на водоводна мрежа, надоместок за приклучок на канализациона мрежа, одржување на јавно-прометни површини и хортикултурни и други услуги за паркови и зелени површини.