Засилена акција за заловување на кучињата-скитници
Поради зачестената појава на напади
врз граѓаните од кучиња на повеќе јавни места во градот, Општина Гевгелија презема акција за доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните. Имено, Општината иницира засилена активност на надлежните Општински служби за спроведување на акции за собирање на бездомните кучиња, како и на кучињата – домашни миленици кои ќе бидат затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот.
За таа цел, се апелира до сите сопственици на кучиња, без разлика дали се регистрирани или не, да се грижат за своите миленици и да не ги пуштаат без придружба да се движат на јавни места. Затоа што, трошоците за заловување или третман на кучињата ќе ги сносат самите несовесни сопственици.
Општинската инспекција ќе врши континуирана контрола на акцијата.