Засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона вирус
Општинскиот штаб за заштита и спасување- Гевгелија
на седницата одржана на 3 септември, 2020 година, со која раководеше командантот и градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, расправаше за неколку актуелни прашања поврзани со пандемијата од Ковид-19.
- Општинскиот штаб беше информиран за најновата состојба со пандемијата од Ковид-19 во oпштина Гевгелија. Притоа, раководителот на Центарот за јавно здравје ПЕ- Гевгелија, Сашко Олумчев, информираше дека минатата недела забележан е пораст на заболените од Ковид-19 кога за само три дена се регистрирани 10 позитивни на Корона вирус. Истовремено, нагласи дека состојбата е стабилна и дека нема трансфер на лица на поголема површина.
Од страна на директорот на Општа болница, Митко Крџев, беше информирано дека во дел од Ковид-центарот за тестирање, во дворот на болницата, е уреден за третман на заболените од Ковид-19 со полесни симтпоми. Ваквата потреба се наметна како неминовна имајќи предвид дека Општата болница нема Инфективно одделение, а решението е привремено – до отворањето на Регионалниот Ковид- центар.
Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до сите граѓани и правни субјекти доследно да ги применуваат заштитните мерки од Корона вирусот, како и Протоколите за работа во услови на пандемија од Ковид 19. Исто така, апелираше до граѓаните да не ги кријат сомнителните контакти и да ги пријавуваат кај матичните лекари бидејќи на тој начин ќе овозможат непречена епидемиолошка анкета и превентивна заштита од пандемијата.
- Во пресрет на најавеното повторно отпочнување со работа на детските градинки на 9 септември 2020 година, Општинскиот штаб апелираше до ЈОУДГ „Детска радост“ и вработените во детските градинки за доследна примена на Протоколот за повторно отворање на детските градинки, а родителите да бидат навреме информирани за преземените активности.
3. Поради зачестените појави на непочитување на Протоколот за работа на угостителските објекти и кафетерии, Општинскиот штаб побара засилена контрола на работењето на угостителските објекти и кафетерии согласно Протоколите за заштита од Корона вирусот, како и законските одредби за работно време и дозволена бучава.
4. Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија во врска со Барањето од ЗГ „Арт еквилибриум“ за одржувањето на „12БОШ фестивал“ заклучи ЗГ Арт еквилибриум да го организира „12 БОШ фестивал“ на ракометното игралиште и пред платото на Народниот театар, на 4-5 септември,согласно Протоколот за организирање на јавни настани.
Настанот на 5 септември, 2020 година, на ракомотното игралиште да трае од 20 до 01 час по полноќ, согласно протоколот за бројот на гостите, одржувањето на социјалната дистанца, неточење на алкохол и другите предвидени заштитни мерки.