Детските градинки подготвени за згрижување на 440 деца
ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија е
подготвена да започне со работа на 9 септември, 2020 година, согласно заклучоците донесени на последната седница на Влада на Република Северна Македонија. Притоа, се запазени сите Протоколи за работа на детските градинки во услови на пандемијата со Ковид-19, доставени од Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика. Имено, согласно протоколите формирани се групите на деца со намален број и тоа во групите за јасли до 6 деца и во групите за градинка до 15 деца.
За таа цел, извршено е прегрупирање на децата во групите за да се запази оваа бројка, за што родителите потпишаа соодветни изјави. Во градинките во општина Гевгелија ќе бидат згрижени 440 дечиња, согласно просторните и условите пропишани со протоколите. Станува збор за деца на самохрани вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа, без можност за работа од дома. Родителите тоа го потврдија со потврди од нивните работодавачи за работните места кои ги обавуваат.
Во детските градинки на ЈОУДГ„Детска радост“- Гевгелија ќе бидат запазени сите неопходно хигиенски мерки за заштита од COVID-19. При приемот на децата ќе се мери температура со бесконтактен термометар на вработените, родителите што ќе ги носат децата и самите деца. За таа цел, сите влезови се обезбедени со бесконтактни термометри и пристапни бариери со дезинфекциони средства. Во самите простории на детските градинки ќе бидат засилени и зголемени мерките за заштита (хигиенски, просторни со дистанца, вработените ќе носат заштитна опрема-маски). Додека, децата на оваа возраст не носат маски.