Поволната епидемиолошка карта на општината важна за ублажување на економските последици од Корона вирусот
- Општинскиот штаб за заштита и спасување на
денешната седница побара засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона вирусот, посебно во угостителските објекти, каде што е констатирано непочитување на мерките. Наспроти, зголемениот број на заболени лица во текот на минатата недела и загрижувачкиот пораст на забелените имајќи предвид дека во изминатите шест месеци општина Гевгелија имаше најмал број на заразени од Ковид-19. Затоа, упатувам најсериозно предупредување до правните субјекти и граѓаните, посебно, до помладата популација дека ќе има ригорозни мерки, изјави Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување информирајќи за донесените заклучоци.
- Повеќе нема предупредувања бидејќи на угостителските објекти за ублажување на последиците од пандемијата од страна на Општината им беа обезбедени повеќе олеснувања, во поглед на намалувањето на комуналната такса и закупот на јавна површина. Но, очигледно, во дел од нив воопшто не се почитуваат Протоколите за работа донесени од Министерството за здравство. И тоа, на сопствена и штета на сите граѓани, на правните субјекти и воопшто на економијата на општина Гевгелија, рече Поцков.
- Добро знаеме дека локалниот економски развој на општината е во директна врска со прекуграничниот промет, поточно, престојот на грчките државјани во нашата општина. Затоа и ни е потребна поволна епидемиолошка карта за обезбедување на „зелена зона“ за граничен промет. Досега, на тој план добро се држевме бидејќи бројот на заболените беше мал. Но, со непочитување на мерките, како во угостителските објекти, во деловните објекти, на работните места и воопшто од страна на дел од граѓаните последниве денови имаме зголемен број на позитивни тестирања. Тоа може да ја загрози поволната епидемиолошка карта на општината и целосно ги затвори можностите за обнова на економскиот живот во општината. Затоа и Општинскиот штаб беше категоричен за примена на поригорозни мерки од сите надлежни општински и државни органи и институции, додека од оние државни органи кои не се вклучени во контролата на примената на мерките да бидат побарани извештаи, рече градоначалникот Сашо Поцков.
Градоначалникот на општина Гевгелија информираше дека Општинскиот штаб беше информиран за подготвеноста на детските градинки на 430 деца на самохрани вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа, без можност за работа од дома. Вообичаено во детските градинки во општината секоја година се згрижуваа по 730 деца, додека за стотина деца немаше услови за згрижување. Поради тоа во план ни е доградба на Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија или изградба на нова градинка. Меѓутоа, поради пандемијата и Протоколите за работа на детските градинки приоритет им беше даден на децата на сите вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа, рече Поцков.