Гевгелија најпогодена од пандемијата- нови мерки за ублажување на последиците
- Општина Гевгелија, поради структурата
на стопанството и услужните дејности, кои зависат од граничнниот промет, поточно, престојот на Грците во Гевгелија, веќе трпи големи последици. Посебно, кога е во прашање туризмот и угостителството, но и здравствените и други услужни дејности кои се во директна зависност од граничниот промет. Но, факт е дека цела Гевгелија е погодена од пандемијата со Ковид-19. Затоа, по барање на бизнис заедницата и претставниците на услужните дејности ја организирав денешната средба со заменик претседателот на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче, истакна градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, отворајќи ја средбата и заблагодарувајќи се на гостите кои се одзваа на поканата.
- Гевгелија е најпогоден град од пандемијата со Ковид-19, каде што загубите во стопанството и услужните дејности се најголеми. Настојуваме штетните последици во овој пограничен регион да бидат ублажени, а крајна цел е границите повторно да бидат отворени. Досега, имавме повеќе обиди за регионална средба на министрите за здравство во земјите на Западниот Балкан, плус Бугарија и Грција, за договарање на унфициран граничен проток во услови на панедимијата од Ковид-19. Пред десеттина дена, со поддршка од американската амбасада во нашата земја, имавме ваква онлај средба, на која беше упатена јасна порака дека нема никакви ефекти во регионот, пред се, за стопанството, со затворени граници. Беше формирана заедничка работна група од земјите на Западен Балкан, Грција и Бугарија, која треба да иницира поинаков граничен протек на втората средба, која треба да се одржи следната недела, информираше министерот Венко Филипче, заблагодарувајќи се до дел од гевгелиските компании во казино-бизнисот, кои на почетокот од пандемијата со донации помогнаа во обезбедувањето на потребната здравствена опрема.
Притоа, министерот за здравство најави веќе следната недела поставување на систем за брзо тестирање од Корона вирусот во Општата болница во Гевгелија, за добивање на резултати во рок од 40 минути. Тоа не е решение за состојбата, но неминовност во овој пограничен регион, нагласи Филипче.
- Пред неколку месеци при креирањето на мерките за ублажување од последиците од пандемијата со Ковид-19 никој од нас не знаеше точно што ќе се случува, но сега после овие неколку месеци имаме искуство кое можеме и треба да го искористиме при креирањето на новиот пакет мерки. Такво искуство сега има и кај бизнисите кои сиве овие месеци заедно со нас, партнерски се справува со социо- економската криза, истакна пред гевгелиските стопанственици заменик претседателот на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи, изразувајќи благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков за домакинството и организирањето на состанокот. Бидејќи Владата не може да креира политики ако не го слуша гласот на оние за кои се наменети, токму затоа ќе останеме отворени да ги слушнеме сите страни и заедно, партнерски да создаваме решенија, за доброто на сите.
Битиќи до крајот на следната недела најави нов, четврти пакет на економски мерки на Владата на РСМ за ублажување на последиците од пандемијата. Тие ќе бидат наменети за најпогодените дејности и категории на граѓани. Пред се, за туризмот и угостителството и за поттикнување на приватната потрошувачка, рече Битиќи и најави две нови кредитни грантови шеми за компаниите. На почетокот од октомври треба да стартува кредитната линија од 30 милиони евра од ЕУ, за добивање на бескаматни кредити со грејс период од 12 месеци, со 15-дневен рок на одобрување. Но, потребни се одредени законски измени за реализација на оваа кредитна линија.
Гостите одговорија и на повеќе поставени прашања и предлози и нагласија дека ваквата комуникација може само да помогне при конкретното утврдување на мерките.