Гевгелиските училишта се подготвуваат за прием на учениците
Гевгелиските училишта започнаа со последните подготовки
за почетокот на учебната година и реализацијата на настава со физичко присуство за учениците од прво до трето одделение која треба да започне на 1 октомври, 2020 година.
Вработените во централните и подрачните училишта во општината, спроведуваат активности за обезбедување услови во насока на почитување на мерките и протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот, со кои нема да се загрози безбедноста и здравјето на учениците. За таа намена, во училишните дворови се поставуваат: маркери и насоки за движење за одржување на потребното физичко растојание, илустрирани натписи и слики за редовна дезинфекција и носење заштитна опрема и средства за лична хигиена и гелови за дезинфекција. Исто така, клупите се организирани и обележани со маркери за распоредот на седење на учениците со потребното растојание од 1,5 до 2 метра.
Училиштата чекаат известување од Комисијата за разгледување на поднесените барања за организирање настава со физичко присуство, покрај учениците од прво до трето одделение, дали и учениците од вишите одделенија ќе следат настава со физичко присуство.