Ревитализиран полски пат во атарот на Богородица
Ревитализиран е полски пат во атарот
на населеното место Богородица, во должина од 260 метри. Акцијата е дел од реализацијата на проектот „Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини“ во рамките на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството за 2020 година.
Овој проект се надоврзува на акцијата за тековно одржување и санација на веќе постоечките полски патишта во атарите на Богородица и Прдејци, согласно Програмата за одржување на локалните патишта што ја организираше Општина Гевгелија заедно со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Вработените од Јавното претпријатие со помош на механизација ги расчистија, тампонираа и проширија неколкуте полски патишта, со цел да се олесни пристапот до обработливите земјоделски површини во подрачја во кои има интензивна земјоделска дејност.
- Општина Гевгелија, во мај, им излезе во пресрет на барањата на земјоделците во населените места и помогна во приспособувањето на оштетените полски патишта во две населени места од нашата општина. Југоисточниот плански регион преку Проектот за подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во нашиот регион продолжува со одржувањето на ваквите патишта за да се олесни пристапот до обработливите површини и земјоделците непречено да ја извршуваат својата работа, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.