Трите училишта од Гевгелија со видео-материјал за Меѓународниот ден на мирот
Двете основни училишта: ООУ „Крсте Мисирков“
и ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија ќе бидат дел од младински настан за одбележување на 21 Сепмтеври, Меѓународниот ден на мирот, преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Трите училишта снимаа видео-материјали по работно сценарио кое опфаќа прашања поврзани со Денот на мирот и младинските работилници.
Компилацијата од сниманите видео-материјали на учениците од 6 општини: Гевгелија, Струга, Велес, Прилеп, Врапчиште и Пробиштип ќе бидат објавени на 21 септември, на социјалните мрежи на Младински образовен форум (МОФ) и Македонскиот центар за граѓанско образование , а исто така ќе бидат споделени и на официјалните страни на училиштата и општината.
Инаку, на 22 август, 2020 година, беше одржана четвртата онлајн-работилница за осмислување младиснки акции за подобрување на нивната заедница, на која учествуваа 15 ученика од СОУ „Јосиф Јосифовски“, ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Владо Кантарџиев“. Учениците ги разменија своите идеи и предлог-решенија за подобрување на животот во својата локална заедница. Заедно дискутираа и издвоија три младински приоритети на кои во периодот што следува ќе работат со нивните врсници. Првиот предлог е формирање на Младински форум, вториот предлог е поврзан со Помош на децата со посебни потреби, додека третиот ќе се занимава со уредување на Градскиот парк. Од овие три предложени проекти, самите ученици ќе одберат еден, за кој ќе добијат и финансиски средства за негова реализација.
Целта на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е: подобрување на меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите.