Локалниот совет за превенција на ОГ на едукативна работилница како дел од проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни“
Oпштина Гевгелија во соработка со ЗГ „Медиа плус“
од Штип, со кое потпиша меморандум за соработка, а преку Локалниот совет за превенција, ќе учествува на едукативна работилница за поголема видливост на овие општински тела и зголемена соработка со граѓаните и граѓанскот сектор. На работилницата се опфатени и теми за законската рамка за делување на телото и надлежностите.
Работилниците на ЗГ „Медиа плус“ се дел од проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни“, поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС ) и ФЦГ од Шведска.
Ваквите работилници за зголемено граѓанско учество и поуспешно решавање на проблемите на граѓаните ќе се одржат во 7 општини: Штип, Свети Николе, Битола, Струга, Карпош, Гостивар и Крива Паланка.