Општина Гевгелија со конкурс за финансирање проекти и програми од областа на културата за 2021 година
Oпштина Гевгелија го објави конкурсот за финансирање проекти
и програми од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2021 година. На Конкурсот имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други физички и правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.
Конкурсот ќе трае 30 работни дена сметано од 14 октомври до 13 ноември, 2020 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2021 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Резултатите од конкурсот ќе бидат во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2021 година, која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на следниов линк на веб-страната на Општина Гевгелија: Koнкурс за финансирање проекти и програми од областа на културата од значење на ОГ за 2020 година