Наплата на комунални услуги и во Туристичко-информативниот центар
Поради лошата епидемиолошка слика во општина Гевгелија
и зголемениот број на нови КОВИД-случаи, а со цел да се избегнат гужвите, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ги информира граѓаните дека за плаќањето сметки за комунални услуги, освен на пунктот во дирекцијата на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, се врши и на наплатниот пункт сместен во бараката на „Туристичко-информативниот центар“. Пунктот работи секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Исто така, граѓаните можат да ги платат сметките за комунални услуги и електронски на веб-сајтот на ЈПКД „Комуналец“: https://komunalecgevgelija.mk/.
- Избегнувајте ги гужвите пред шалтерите и одржувајте потребна дистанца според препораките од здравствените служби, апелираат службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.