Продолжуваат да важат засилените мерки донесени од Општинскиот штаб за заштита и спасување
Согласно моменталната епидемиолошка слика на општина Гевгелија,
продолжуваат да важат засилените мерки за заштита од КОВИД-19 кои ги донесе Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница:
- Граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат мерките на Владата на РСМ и на Министерството за здравство, посебно, кога станува збор за личната заштита и одржувањето на социјална дистанца.
- Градскиот пазар и наредниот четврток ќе биде отворен само од еден влез, а пазарниот ден ќе се одвива со задолжителна примена на заштитните мерки: носење маска, дезинфекција на рацете и држење физичка дистанца.
- Црковните власти во Гевгелија согласно укажувањата на Општинскиот штаб за заштита и спасување најавија дека погребните церемонии и помени во наредниот период ќе се изведуваат исклучиво на Градските гробишта со ограничен број на присутни, односно најблиските членови на семејството. Црковната кујна нема да биде отворена.
- Сите правни субјекти, јавни установи и други објекти доследно да ги применуваат Протоколите за работа и за здравствена заштита и да се организира уште еден состанок со сопствениците на угостителските објекти, на кој ќе им биде укажано за сериозноста на состојбата и потребата од доследна примена на протоколите за работа.
- Продолжува вршењето дезинфекција на јавните површини, двапати месечно, од страна на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
- Се преземаат ригорозни мерки во однос на примената на здравствените и протоколите за работа. За таа цел, секој ден ќе се врши контрола од надлежните државни и општински инспекциски служби и други органи според Планот за контрола на примената на заштитните мерки. За непочитување на заштитните мерки ќе следат соодветни санкции.