Oбјавен конкурсот од ОГ за финансиска поддршка на програмите на Месните заедници за реализирање културни активности во 2021 г.
Oпштина Гевгелија го објави конкурсот за финансиска поддршка на Програмите
на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2021 година. На Конкурсот имаат право да учествуваат сите активни Месни заедници, со легитимни органи на управување, коишто ги претставуваат интересите на жителите од своето населено место.
Конкурсот ќе трае 30 работни дена сметано од 22 октомври до 20 ноември, 2020 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2021 година".
Резултатите од конкурсот ќе бидат во вид на Програма за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2021 година, која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат на тел.: 034/211-211 и на следниов линк на веб-страната на Општина Гевгелија: Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за огранизирање културни активности во 2021 година.