Партерно уредување со бекатон-плочки на улици во Миравци и Гевгелија
Во општина Гевгелија, и покрај пандемијата со КОВИД-19, во тек се
градежни активности за уредување на улици и тротоари. Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, во интервјуто за локалната ТВ „НОВА 12“ истакна дека се работи за градежни активности, за кои беше распишан тендер во јануари, 2020 година:
- Граѓаните на Миравци можат да го воочат партерното уредување со бекатон-плочки на краци од улиците: „Елена Минчева“ и „Маршал Тито“ кое заврши деновиве. Се работи за активности финансирани од останатите непотрошени средства за уредување на улици и тротоари со бекатон-плочки, за која инвестиција беше распишан тендер во јануари, годинава. Во Гевгелија, моментално, се работи на пешачката зона, односно уредување на тротоарот кој води кон археолошкиот локалитет и туристичко-рекреативен комплекс „Вардарски Рид“. Исто така, ќе се работи и на уредување со бекатон-плочки на тротоарите од десната страна на патот од старата Касарна до излетничкото место „Динќут“. Taка што, овие тротоари ќе се користат за пешачење или како велосипедски патеки.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, најави дека до крајот на годината ќе се распише тендер за партерно уредување на улиците со бекатон-плочки, во 2021 година, а реализирањето активности ќе започне во февруари-март. Исто така, гo најави во план уредувањето на Јужниот булевар и крајбрежниот простор на Сува Река како рекреативна зона за велосипедизам и пешачење.