Доделени 377.364 денари за доградба на Дневниот КОВИД-19 центар
Советот на Општина Гевгелија на денешната седница донесе одлука
за доделување 377.364 денари од Општинскиот буџет за доградба на Дневниот КОВИД-19 центарот во кругот на Општата болница во Гевгелија. Имено, Општата болница- Гевгелија поднесе барање за доделување на средства за доградба на постојниот пункт за тестирање од Корона вирусот, на влезот од болницата и уредување на Дневен прифатен центар.
- Во овој Дневен центар би се третирале само полесно заболените лица кои имаат потреба од дневен лекарски третман. Притоа, би се обезбедиле дополнително 8 легла за дневна терапија ва заболените пациенти. ЈЗУ Општа болница не е во можност финансиски да ги покрие трошоците за овој зафат бидејќи преку итни постапки се набавувани за набавка на средства за лична заштитна опрема на вработените во болницата што дополнително го оптовари годишниот буџет на здравствената установа, истакна на седницата директорот на Општата болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев, кој информираше дека ваквата потреба се наметна поради непостоењето на Инфективно одделение во болницата.
- Поранешното Болничко одделение наменето за мигрантите е преуредено во одделение за дневна терапија на пациентите заболени од КОВИД-19. Меѓутоа, поради зголемениот број на заразени, го преуредивме Невропсихијатриското одделение за пациентите заразени со Корона вирусот на кои им е потребна деноноќна терапија. Но, не на сметка на другите пациенти, бидејќи Неврописихајтриското одделение е преселено на Интерно одделение. Ниеден друг пациент во болницата не е одбиен, нагласи д-р Крџев.
Инаку, работите околу доградбата на Дневниот КОВИД-19 центар во Гевгелија се одвива забрзано, од страна на ЈПКД „Комуналец“ беше изградена бетонската основа, а Општата болница од сопствената опрема и средства ќе го уреди Центарот.