До крајот на годината, реконструирана Железничката станица во Гевгелија
Во тек е завршната фаза од реконструкцијата на
Железничката станица, за која ЕУ донираше финансиски средства.
- По завршувањето на тендерската постапка и потпишувањето на договорот со изведувачот, започнаа градежните работи и треба да завршат до крајот на годината, истакна раководителот за комуникација на Јавното претпријатие „Македонски железници“, Лида Трендоване.
Со реконструкцијата ќе се обноват чекалната, билетарата, санитарните јазли и останатите простории во рамките на Железничката, а ќе се санира и обнови фасадата на објектот, со што Железничката ќе добие нов лик. Реконструкцијата на Железничката станица во Гевгелија е дел од проектот „ЕУ за тебе“ на Делегацијата на Европската Унија- Скопје. Преку проектот се реализираат реконструкции на 11 железнички станици долж Коридорот 10.