Пред почетокот на грејната сезона, граѓаните задолжително да ги исчистат оџаците
TППЕ- Гевгелија апелира до физичките и правните лица,
пред почетокот од грејната сезона да извршат чистење на оџаците бидејќи неисчистените оџаци можат да предизвикаат пожар.
Освен тоа, граѓаните да ја проверат исправноста на електричната инсталација и грејните тела кои ги користат во зимскиот период за затоплување.
- Минатата година, во Гевгелија, ТППЕ изврши 20 интервенции на пожар во колективните и приватните станбени објекти кои беа предизвикани токму од неисчистени оџаци, информираше команирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов, апелирајќи до граѓаните на општина Гевгелија да си ја сфатат сериозно обврската за да не дојде до загрозување на безбедноста и до катастрофи од поголем размер.