За една недела треба да биде ставен во употреба доградениот Дневен КОВИД-центар во Општа болницта- Гевгелија
За една недела треба да биде ставен во употреба доградениот Дневниот КОВИД- центар
за третирање на пациенти со лесна и средно-тешка клиничка слика, во склоп на Пунктот за земање брис со капацитет за 8-10 легла.
Директорот на Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, д-р Митко Крџев, информираше за моменталната состојба во болницата и за вакцините против сезонскиот грип:
- Бидејќи бројот на заболени лица од КОВИД во Гевгелија значително расте, Болницата имаше потреба да го прошири капацитетот за згрижување пациенти. Затоа, поднесовме иницијатива до Општина Гевгелија за финансиска поддршка за доградбата на Пунктот за земање брис кој функционира и како Дневен центар. Интензивно се работи на доградбата која треба да биде ставена во функција за една недела, со што ќе значително ќе ја зголемиме услугата на пациентите за КОВИД-терапија. Истовремено, и Одделот за преглед на мигранти го преадптиравме за згрижување на пациенти позитивни на Корона вирус.
Во болничкиот оддел имаме капацитет за сместување од 12 легла, а во моментот тој капацитет е исполнет од 50%. Капацитетот е задоволитетен во однос на потребите на болните со лесна и средно-тешка клиничка слика. Во моментот, Болницата е доволно обезбедена со лекови за терапија и со кислородни боци за поддршка на оние пациенти, на кои им е потребен кислород. Секојдневно, се снабдуваме со дополнителен број на кислородни боци, со што ја надополнуваме постојаната кислородна станица. Доколку епидемиолошката слика излезе вон контрола, тогаш ќе имаме потреба од изградба на ваква станица, како и да адаптираме нови одделенија во Болницата за третман на КОВИД-пациентите.
Што се однесува до вакцините за сезонскиот грип, очекувам да ги добиеме во првата половина на ноември. Вакцинацијата ќе се одвива во чекалната на Дијабет-центарот, во поладневните часови. За спроведувањето на вакцинацијата имаме формирано нов тим составен од лекар и медицинска сестра. За термините, граѓаните ќе бидат благовремено информирани.